
Матијс де Лихт пристигна во Баерн Минхен за 67 милиони евра во јули 2022 година. Холандскиот стопер додје од Јувентус и Де Лихт требаше веднаш да стане еден од најважните играчи на германскиот шампион. Но, тоа не се случи.
Де Лихт имаше пет настапи под водство на Томас Тухел оваа сезона и одигра 82 минути во Бундес-лигата и во Купот на Германија.
„Зошто не играм? Немам идеја, треба да го прашате тренерот. Правам сѐ што бара Тухел, но во последните два натпревари одиграв десет минути и тоа во средниот ред”, изјави Де Лихт.
Спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд, објасни за „Билд“.
„Тој е многу важен за нашиот тим. Јасно е дека моментната ситуација не е лесен предизвик за него, но уверен сум дека ќе има многу можности да игра во следните неколку месеци“, изјави Фројнд.
Де Лихт ја започна својата кариера во Ајакс, а во Јувентус играше од 2019 до 2022 година. Досега за Баерн има 48 настапи и постигна три гола, а за холандската репрезентација на 42 натпревари постигна два гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
