
Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски имаше фантастичен меч за Рајо Валјекано против Барселона во Купот на Шпанија. Иако неговиот тим загуби на крајот со 1-2, македонскиот голман правеќе чуда на голот на Рајо Валјекано. Не можеше да стори ништо повеќе при погодоците што ги постигнаа Лионел Меси и Френки де Јонг.
Престижниот спортски весник „Марка“ искажа пофалби за настапот на Столе Димитриевски, истакнувајќи дека тој е квалитет за Ла Лига, далеку повисока класа од таму каде што сега настапува.
„Столе Димитриевски ја спречуваше Барса се додека можеше. Благодарејќи на неговите одбрани и на стативите што ги погодија противничките фудбалери, Рајо долго беше во живот. Тој прикажа ниво што сигурно е над категоријата каде сега настапува. Иако делува многу искусно, тој има само 27 години и уште многу фудбалски години пред себе“, пишува „Марка“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal