Шкендија го доживеа првиот пораз оваа сезона во Првата лига откако загуби со 2-1 на гостувањето против Силекс во Кратово.
Тренерот Ардијан Нухиу смета дека и покрај поразот Шкендија беше подобриот ривал, но секако жали за загубените бодови.
„Знаевме дека еден ден ќе дојде и првиот пораз, но жалиме што загубивме натпревар во кој бевме подобар противник. Мислам дека добро ја движевме топката, креиравме шанси, но немавме ефикасност. Примивме гол, потоа успеавме да се вратиме и да израмниме, а во завршницата кога тргнавме по триумф, примивме втор гол. Исто како што претходно ние дававме голови за победа во завршницата, сега нѐ стигна казна“, изјави Ардијан Нухиу.
Шкендија и покрај поразот се наоѓа на првата позиција на табелата со 13 бода, колку што има и Брера.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













