
Македонскиот интернационалец Никола Јакимовски потпиша договор на 18 месеци со грчкиот прволигаш Лариса. Тој се враќа во грчкиот клуб каде настапуваше и во 2019 година, а потоа замина во италијанскиот Трапани.
Лариса е последнопласиран клуб во грчкиот шампионат со само осум освоени бода и ќе се обиде да избори опстанок во елитата.
Јакимовски претходната сезона имаше 15 настапи за Лариса и постигна еден погодок, остави добар впечаток што сега му донесе и нов договор со клубот. Тој речиси целата кариера е интернационалец, откако започна во редовите на Македонија ЃП, а беше дел и од Тетекс. Во странство играше за Ференцварош, Јавор Ивањица, Нагоја Грампус Ејт, Јагодина, Варезе, Комо, Бари, Беневенто, Виченца и Бискелје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Мевљан Мурати
