Фудбалската федерација на Македонија и Фудбалската асоцијација на Ерменија го потврдија пријателскиот натпревар меѓу А репрезентациите. Контролната пресметка меѓу двете селекции е закажана за 17. октомври на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, со почеток во 15 часот.
Последниот меч против Ерменија го одигравме на 11. ноември 2021 година во квалификаците за СП 2022. Во Ереван, репрезентацијата на Благоја Милевски славеше со убедливи 5-0.
Македонија и Ерменија досега имаат одиграно вкупно 12 натпревари. Нашата селекција има пет победи, на три меча немаше победник, Ерменија славеше трипати. Последен пат, противникот се радуваше на триумф во Никозија во меч за првото место во групата од Лигата на нации.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













