
Двајца млади фудбалери од школата на Њу Старс го исполнија сонот. Потпишаа договори со турскиот прволигаш Анкарагучу. Димитрија Поповски и Мердијан Рамадани се нови членови на турскиот клуб. Младите фудбалери родени 2002 година потпишаа аматерски договори до јуни, а потоа ќе потпишат и професионални договори со новиот клуб од Турција. Раководството на Анкаругучу во нив препозна талент и квалитет и одлучи да ги ангажира.
Третолигашот Њу Старс има квалитетна школа која продолжува да „произведува“ млади и квалитетни фудбалери кои потоа имаат можност да ја продолжат кариерата во странство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal