
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски и официјално е нов член на Динамо Загреб. Тој се враќа во Хрватска, но сега во најтрофејниот клуб, откако во минатото го носеше дресот на Ријека. Ристовски потпиша повеќегодишен договор со „модрите“ и ја заокружи тригодишната одисеја во Спортинг Лисабон која на крајот имаше и горчлив вкус.
„Горд сум што потпишав за најдобриот хрватски клуб, Динамо Загреб е клуб кој редовно настапува во УЕФА натпреварувањата и бележи значајни резултати. Го познавам капитенот Аријан Адеми кој е мој соиграч од репрезентацијата, а исто така тука има и неколку мои поранешни соиграчи. Иако од минатото имам искуство како ривал на Динамо, верувам дека сега ќе дадам се од себе во дресот на овој клуб и со тоа на најдобар начин ќе се заблагодарам за укажаната доверба“, изјави Стефан Ристовски по потписот на договорот со Динамо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal