
Македонскиот фудбалски велемајстор е најголем во цела екс – Југославија. Тој е најдобар стрелец во историјата на Калчо-лигата од просторите на поранешна Југославија. Со вечерашните два гола против Наполи, тој стигна до бројката од 97 и го надмина Мирко Вучиниќ, црногорскиот интернационалец кој играше за Лече, Рома и за Јувентус и во кариерата постигна 96 гола во Италија.
Пандев е подобар и од Дејан Савичевиќ, Звонимир Бобан, Ален Бокшиќ, од сите голгетери од екс-Југославија кои играле во Серија А.
Гранде Пандев првиот гол го постигна во дресот на Анкона, најмногу даде во дресот на Лацио (48), беше дел од Интер и постигна пет погодоци, продолжи во Наполи со уште 19. За Џенова стигна до 24, а уште три му недостигаат за да ја достигне стотката во Калчото.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal