Connect with us

Пандев: Дали ќе се пензионирам? За жал, да…

Горан Пандев е неверојатен, цели две децении е дел од Калчото и уште игра на врвно ниво. Вечерва Наполи дојде на „Луиџи Ферарис“, Пандев е „гранде“ човек и го испочитува поранешниот клуб, не се радуваше, ама им даде два гола.

Наликува дека може да игра најмалку уште две – три сезони, игра лесно, постигнува голови, се е како бајка. Но, вели дека сепак нема да се премисли.

„Дали ќе се пензионирам? За жал, да. Тешко се игра на моја возраст, посебно кога ќе дојде повреда и треба да се опоравиш. Нема да се премислам, моја намера е да ставам крај на кариерата по Европското првенство, а потоа ќе видиме. Среќен сум тука“, изјави Пандев по мечот.

Џенова нанижа три победи во низа. 

„Среќни сме, победивме голем тим, одигравме навистина квалитетен меч. Ова се многу важни бодови за нас во борбата за опстанок. Балардини е одличен, ни внесе мир и спокој, сега сме многу свесни и за нашите квалитети. Што се однесува до Наполи, имам огромна почит и за клубот и за градот. Поминав фантастични три години таму. Одличен тим се, но во моментот имаат многу повредени фудбалри и позитивни на Ковид-19“, изјави Горан Пандев.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови