
Македонскиот првак Струга Трим Лум е елиминиран на последната пречка пред пласманот во групната фаза од Конференциската лига. Исландскиот претставник Брејдаблик и во реваншот на Исланд славеше со 1-0, идентично како и во Охрид, и со вкупен резултат 2-0, ќе патува во групите од третото по ранг европско натпреварување.
Уште на почетокот, Брејдаблик преку Виктор Карл Еинарсон во третата минута поведе со 1-0, откако со прецизен удар од 15 метри го совлада Ќосевски.
Исландскиот тим ја зголеми предноста од првиот меч во Охрид, а Струга ТЛ немаше сили да возврати.
Бесарт Ибраими се обиде пред крајот на првиот дел, имаше неколку обиди Струга ТЛ и во вториот дел, но, сепак, не се снајде најдобро на теренот со вештачка трева на Исланд.
Сепак, Струга ТЛ може да се гордее со настапите на европска сцена оваа сезона, а сега ќе се фокусира на домашните натпреварувања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
