ПСВ Ајндховен го декласира Глазгов Ренџерс со 5-1 на реваншот во Холандија и убедливо се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите. Првиот меч во Шкотска заврши 2-2.
Исмаел Саибари ги постигна првите два гола за ПСВ, Таверние намали на 2-1, но потоа Лук де Јог се чини го скрши отпорот на гостите. ПСВ славеше убедлив триумф со погодокот на Верман и со автоголот на Голдсон.
Копенхаген одигра 1-1 на домашен терен против Раков, но славеше со 1-2 на првиот меч, па обезбеди пласман во елитното натпреварување.
Вавро го доведе Копенхаген во водство, а израмни Зволински.
Антверпен го победи АЕК и на гости и го комплетираше успехот. Керк донесе водство за Антверпен, израмни Араухо во 90.минута, но Баликвиша во судиското продолжение го потврди триумфот и пласманот за белгискиот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













