Македонскиот првак Струга Трим Лум утре (18.45 часот) го игра реванш мечот од плејофот за пласман во Конференциската лига. Противникот Брејдаблик ќе ја има поддршката од публиката, а има и еден гол позитива од првиот дуел во Охрид.
Сепак, тренерот Шпетим Дуро смета дека Струга ТЛ има реални шанси да се избори за нов историски успех.
„Ова е за нас историја. Но, сакаме да стигнеме до нов голем успех и да обезбедиме пласман во групите од Конференциската лига. Нема да биде лесно, но знаеме дека со квалитетот што го поседуваме можеме да ја оствариме целта. Не заслуживме пораз на првиот меч, па сега треба да одиграме најдобро што знаеме и тоа да го исправиме. Ќе ни недостигаат некои фудбалери, но верувам дека сите што ќе добијат шанса ќе ја оправдаат довербата“, изјави Шпетим Дуро.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













