Реал Мадрид и Килијан Мбапе…Сагата продолжува, нова епизода од најавите за можен трансфер на француската мегаѕвезда на „Сантијаго Бернабеу“.
Според шпанските медиуми, Реал Мадрид е согласен да плати 160 милиони евра и да го купи Килијан Мбапе до крајот на летниот преоден рок. Напаѓачот би потпишал шестгодишен договор и би имал годишна плата од околу 60 милиони евра, плус бонуси.
Така веројатно би биле задоволни сите три страни. Реал Мадрид ќе добие врвен напаѓач во периодот кога се повреди и Винисиус Жуниор, ПСЖ би добил одлична отштета, со оглед дека следното лето Мбапе би можел да замине како слободен агент, а фудбалерот конечно би ја исполнил својата голема желба, да го носи дресот на „кралскиот клуб“.
Но, и досега имаше многу вакви најави…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













