Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 5 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФK Тиквеш-ФК Воска одигран на 27.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 73 и 82 минута.
Главен судија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Дејан Костадинов и Дејан Димитриевиќ.
73 минута ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За досуден гол за гостинската екипа) Играч на гостинската екипа од лево, центрира топка до свој соиграч во централниот дел на теренот во висина на шеснаестникот на домашната екипа, кој во моментот на додавање се наоѓа во линија со топката. Исправна одлука на првиот помошен судија кој имаше извонредна проценка и дозволи играта да продолжи и да биде постигнат регуларен гол.
82 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За доделен ЦРВЕН картон за гостинската екипа) Двајца противнички играчи одат на една високо нафрлена топка, гостинскиот играч при тоа не обрнува внимание на стартот и со отворен ѓон без да стартува на топка прави прекршок врз домашниот играч директно во пределот на стомакот.
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домашната екипа и доделен ЦРВЕН картон на играчот од гостинската екипа поради недозволен старт (отворен ѓон во пределот на стомакот).
За оваа ситуација треба да се пофали одличната соработка на судиската екипа.
На натпреварот ФК Брегалница-ФК А.П. Брера одигран на 27.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 36 и 73 минута.
Главен судија: Доне Ристовски. Помошни судии: Даниел Василевски и Путилин Бранко.
36 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, СИМУЛАЦИЈА) Играч од екипата на гостите продира во шеснаетникот на домаќините по левата страна, играч на домашната екипа стартуваше на топката и ја изби и потоа играчот на гостите падна сакајќи да изнуди удар од 11 метри.
Исправна одлука на главниот судија, досуден индиректен слободен удар за домашната екипа и доделен жолт картон за играчот на гостите поради симулација за пенал.
Главниот судија беше одлично поставен и имаше јасна прегледност на ситуацијата.
73 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за гостинската екипа) Играч од екипата на гостите беше во посед на топката во шеснаесетникот на домашната екипа, со дриблинг поминува еден домашен одбранбен играч, меѓутоа друг одбранбен играч во тој момент стартува да ја избие топката но не ја допира топката туку прави недозволен старт на ногата на напаѓачот, кој паѓа.
Оправдано досуден удар од 11 метри. Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа, поради недозволен старт на нога на играч од домашната екипа над гостински играч.
Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен, во близина на акцијата и имаше одличен преглед.
На натпреварот ФК Работнички– ФК Шкендија одигран на 27.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 16, 53 и 86 минута.
Главен судија: Трпчевски Стојан. Помошни судии: Драган Трпчевски и Владимир Митревски.
16 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа) Играч на гостинската екипа од корнер центрираша во шеснаесетникот на домашната екипа, во тој момент играч од одбраната на домаќините прави минимален контакт со рака (повлекување) над телото на гостински напаѓач, играчот тој контакт го искористува, преувеличува и паѓа. Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот беше минимален и недоволен за да се досуди пенал.
53 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За досудена офсајд позиција за гостинската екипа – поништен регуларен гол за гостинската екипа)
Напаѓач од гостинската екипа од втор план се уфрлува и добива топка од негов соиграч, при тоа тој се наоѓа во регуларна позиција, истиот центрира до свој соиграч кој е во иста линија со него, ја прима топката и постигнува гол. Погрешна одлука на вториот помошен судија што досуди офсајд позиција, бидејки играчот на гостинската екипа што постигна гол во моментот кога му беше додадена топката од соиграчот, се наоѓаше во линија со соиграчот и голот е регуларен (нема офсајд позиција).
86 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За досудена офсајд позиција за домашната екипа- напаѓач од домашната екипа се наоѓа во очигледна шанса за гол) Во еден брз контранапад, играч од домаќините додаде топка до свој соиграч кој продираше по левата страна централно во полето на гостите и во моментот на додавање на топката од својот соиграч се наоѓаше во линија со предпоследниот играч од гостинската екипа.
Погрешна одлука на првиот помошен судија кој го подигна знаменцето и ја прекина играта поради офсајд позиција, бидејки во моментот кога му беше додадена топката од соиграчот,играчот на гостите се наоѓаше во очигледна шанса за гол и не се наоѓаше во офсајд позиција.
На натпреварот ФК Шкупи– ФК Гостивар одигран на 27.08.2023 година, анализирана е ситуацијата од 24 минута.
Главен судија: Стојанче Стојанов. Помошни судии: Дарко Јовчески и Александар Ѓорѓески.
24 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа) Играч на домашната екипа продираше од лево странично во шеснаесетникот на гостинската екипа, играч од гостинската екипа сакајки да му ја одземе топката го повлече за дрес од позади и при стартот на топка невнимателно прави контакт во задниот дел од стапалото на напаѓачот. Исправна одлука на главниот судија што досуди пенал бидејќи влечењето и контактот доле во стопало на играчот на гостинската екипа над играчот на домаќините беше доволен за пенал.
На натпреварот ФК Силекс– ФК Македонија ЃП одигран на 27.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 80 и 90+6 минута.
Главен судија: Ндерим Тефику. Помошни судии: Мартин Петковски и Петар Новачев.
80 минута : ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа) Центрирана топка од лева страна во центарот на шеснаесетникот на гостинската екипа, на топката стартуваат (воздушен скок) играч на домашната екипа и гостински играч, пред играчот на домашните да игра со глава, играчот на гостинската екипа на недозволен начин ја удри топката со рака (неприродна положба, високо подигната над својата глава).
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа поради недозволена игра со рака (неприродна положба, високо подигната над својата глава) на гостински играч во свој шеснаесетник.
90+6 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За доделен ЦРВЕН картон за гостинската екипа) Двајца противнички играчи стартуваат на топка која не е во ничив посед, двајцата прават лизгачки старт на топка, домашниот играч прв стига до топката и ја избива но гостинскиот играч при тоа не обрнува внимание на стартот и со отворен ѓон без да стартува на топка прави прекршок врз домашниот играч директно во пределот на градите.
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домашната екипа и доделен ЦРВЕН картон на играчот од гостинската екипа поради надозволен и преостар старт (лизгачки старт со отворен ѓон во пределот на градите)
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 3 коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Осогово – ФК Башкими одигран на 26.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 40 и 90+7 минута.
Главен судија: Кирил Смоквоски. Помошни судии: Иле Мишески и Борис Трајков.
40 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За доделен втор жолт –ЦРВЕН картон на играч на домашната екипа, за спречување ветувачка акција) Играч на гостинската екипа додаде топка до свој соиграч централно пред шеснаесетникот на домашната екипа, играчот ја прими топката, си даде долг фор и во тој момент над него противнички играч направи недозволен старт од позади грб (на нога) спречувајки го во ветувачката акција.
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за гостинската екипа и доделен жолт картон за домашниот играч поради недозволен старт и спречување ветувачка акција, бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот на домаќините, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
90+7 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА
(За недосудено офсајд позиција на гостински играч, голот е регуларен) Играч на гостинската екипа беше во посед на топка странично во шеснаесетникот на гостите и ја додаде топката до свој соиграч кој во моментот на додавање на топката беше во линија со својот соиграч, и истиот играч постигна гол. Исправна одлука на вториот помошен судија што го призна голот, бидејки во моментот кога играчот на гостите ја додаде топката до соиграчот кој постигна гол, соиграчот се наоѓаше во дозволена позиција (во линија со играчот што му ја додаде топката)
На натпреварот ФК Новаци – ФК Беса одигран на 26.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 3, 47, 65 и 80 минута. Главен судија: Дејан Младеновски. Помошни судии: Милош Милошевиќ и Дарко Видиниќ.
3 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За недосуден пенал за гостинската екипа, СИМУЛАЦИЈА) Играч од екипата на гостите беше во посед на топката во шеснаесетникот на домаќините по десната страна, кога се најде пред неколку играчи на домаќините падна без контакт сакајки да изнуди удар од 11 метри. Исправна одлука на главниот судија, ја прекина играта, досуди индиректен слободен удар за домаќините и додели жолт картон за играчот на гостинската екипа поради неспортски однос (симулација). Главниот судија беше одлично поставен и имаше добра прегледност.
47 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа) Играч на гостинската екипа во својот шеснаесетник во вртење сака да ја избие топката во поле, но до топката прв стига и ја удира играч од домашната екипа, но место топката играч на гостите прави невнимателен и недозволен старт, односно го удира домашниот напаѓач во ногата. Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа поради недозволен старт (на нога) на гостински играч над играч на домаќините. Главниот судија беше одлично поставен, и донесе исправна одлука.
65 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за гостинската екипа) Гостински играч продира по лева страна во противничкиот шеснаесетник, во моментот кога прави финта и поминува играч на домаќините, истиот е соборен од домашен одбранбен играч со недозволен старт. Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа поради недозволен старт на играч на домаќините над противнички играч. Главниот судија беше одлично поставен, и донесе исправна одлука.
80 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа) Играч на домашната екипа продираше странично во шеснаесетникот на гостинската екипа, играч од гостинската екипа испружи нога да блокира шут, напаѓачот свесен дека пред себе има два одбрамбени играчи паѓа исценирајки прекршок. Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи контактот на играчот на гостинската екипа над играчот на домаќините беше минимален и недоволен за пенал. И во овој случај, главниот судија беше одлично поставен, и донесе исправна одлука.
На натпреварот ФК Караорман – ФК Вардар Н.одигран на 26.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 8, 13, 58 ,и 86 минута. Главен судија: Александар Урошевиќ. Помошни судии: Дарко Василевски и Николче Николески.
8 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа) Играч на домашната екипа продираше странично во шеснаесетникот на гостинската екипа, играч од гостинската екипа минимално го турна со тело од позади грб и по тој минимален контакт играчот на домашната екипа падна. Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи туркањето на играчот на гостинската екипа над играчот на домаќините беше минимално и недоволно за пенал.
13 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За поништен гол за гостинската екипа) Гостински напаѓач кој се наоѓа централно од голот сакајки да дојде до топка во дуел со домашен одбрамбен играч намерно игра со рака, си ја смирува топката пред него шутира и постигнува гол. Исправна одлука на главниот судија, голот е поништен поради намерна игра со рака на гостински играч кој при тоа постигнува гол и е досуден слободен удар за екипата на домаќините. Главниот судија одлично беше поставен и имаше јасна прегледност.
58 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За доделен ЦРВЕН картон на домашен играч, поради спречување на играч во очигледна шанса за гол) Играч на домаќините прави погречно додавање пред својот шеснаесетник, топката ја прима гостински играч кој трга сам спрема голот, но пред да влезе во шеснаесетникот беше спречен со недозволен старт од предпоследниот играч од одбраната на домаќините. Исправна одлка на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на гостите и доделен ЦРВЕН картон за играчот на домаќините поради недозвоен старт и спречување очигледна шанса за гол (играч излага сам пред голман)
86 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За досуден пенал за домашната екипа) Играч на домашните од лева страна во шеснаесетникот на гостите го поминува одбрамбениот играч на гостите и потоа гостинскиот играч прави недозволен старт на нога на противникот. Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на домаќините поради недозволен старт (на нога) на играч на гостинската екипа над домашен играч.
На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ , немаше спорни ситуации за судиска анализа.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski