Connect with us

Халанд е прогласен за фудбалер на годината во Англија

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, е прогласен за фудбалер на годината во Англија од страна на Здружението на професионални фудбалери (ПФА).


Халанд постигна 52 гола во сите натпреварувања во својата дебитантска сезона во Премиерлигата.
Сити минатата сезона ја заврши со освојување на Лигата на шампионите, Премиерлигата и ФА Купот.

Халанд пристигна во Манчестер Сити во јуни 2022 година од Борусија Дортмунд за сума од 51,2 милиони фунти.

Признанието за најдобар млад фудбалер му припадна на англискиот напаѓач на Арсенал, Букајо Сака.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови