Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан е во ризик да ги пропушти следните шест недели поради повредата што ја заработи на натпреварот против Нотингем Форест минатиот викенд, пренесува „Скај Спортс“. Ова е уште еден удар за тимот, откако поради повреди се надвор од терените уште двајца дефанзивци, Лук Шо и Тајрел Маласија.
Многу е веројатно тоа да значи дека Хари Мегваер сигурно нема да го напушти „Олд Трафорд“ ниту во овој преоден рок.
Варан стартуваше од воведните минути на сите три натпревари во Премиер – лигата досега.
Доколку се остварат предвидувањата за период на опоравување, Французинот ќе ги пропушти претстојните натпревари на Јунајтед против Арсенал, Брајтон, Барнли, Кристал Палас и против Брентфорд, како и натпреварите на Франција против Ирска (7 септември), Германија (12 септември) и можеби против Холандија (13 октомври) и Шкотска (17 октомври).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













