
Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо е обвинет за измама, пишува бразилскиот „Глобо“. Поранешниот фудбалер на Пари Сен Жермен и на Барселона ја искористил својата популарност за да привлече инвеститори во проектот за криптовалути. Фудбалерот, заедно со неговиот брат и деловен партнер Марсело Лара, наводно водел пирамидална шема за криптовалути преку нивната компанија „18K Ronaldinho“.
Тројцата требаше да дадат исказ пред истражна комисија, но Роналдињо не можеше да присуствува на судското рочиште во Бразил поради лошите временски услови бидејќи авиокомпанијата ги откажа летовите за Порто Алегре, каде што требаше да се одржи сослушувањето. Сега му се заканува апсење за да биде обезбедено негово појавување пред судот.
Роналдињо помина 171 ден во притвор во Парагвај во 2020 година под сомнение дека користел лажни пасоши за да влезе во земјата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
