
Ромелу Лукаку повторно му кажа „да“ на Жозе Мурињо. Англиските и италијанските медиуми тврдат дека Лукаку се согласил да замине на позајмица во Рома и да се откаже од дел од платата, за римјаните да го доведат од Челси.
Лондонскиот клуб немаше избор, иако сакаше да го продаде, никој не испрати официјална понуда, па позајмица беше единствената опција.
Лукаку лично разговараше со Мурињо, кој во 2017 година исто така беше голем поддржувач на неговото доаѓање во Манчестер Јунајтед.
За Белгиецот нема место во Челси, тој тренираше со младинскиот тим и ја чекаше вистинската понуда. Неговите агенти дури го понудија на Барселона, но Каталонците одбија да преговараат.
Остануваат уште неколку дена за комплетирање на позајмицата, но јасно е дека Лукаку пристигнува кај Жозе Мурињо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)
