
Фудбалерите на Брегалница пропуштија убава шанса непоразени да се вратат од гостувањето против Македонија ЃП во второто коло од Првата македонска фудбалска лига, затоа што согласно изданието факт е дека заслужија реми.
Избраниците на Горан Здравков беа сосема рамноправен противник но дозволија лесен гол во финишот на мечот за пораз од 1-0 во Ѓорче Петров.
Еден од најстандардните првотимци на тимот, младинскиот репрезентативец Михаил Димитриевски жали за пропуштениот бод, но потенцира дека сето тоа ќе биде дополнителен мотив за секој поединец во тимот да ги поправи грешките и веќе на следниот првенствен дуел против Гостивар да се вратат победите.
„Мислам дека заслуживме најмалку бод од гостувањето против Македонија ЃП затоа што противникот воопшто не беше подобар од нас. Имавме израмнет меч но само една шанса која ја создадоа домашните успеаја да ја искористат за победа. Беше тоа несреќен пораз, но сето тоа треба да го искористиме за мотив повеќе за следната средба против Гостивар на која секако ќе атакуваме на победа“ – вели Димитриевски и дополнува:
„Во екипата на Гостивар играат за нас добро познати фудбалери, Михаил Маневски и Бобан Георгиев, и мислам дека тие се најдобрите поединци од кои е најголемата опасност. Но, оптимист сум. Не смееме да го потцениме противникот и со максимална игра да дојдеме до нова победа“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
