Connect with us

Бернардо Силва ќе го продолжи договорот со Манчестер Сити

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва, даде устмена согласност да потпише нов договор со клубот. 29-годишниот играч веќе и официјално ја потврди својата одлука пред управата.

Сити очекува Португалецот да потпише до крајот на следната недела. Новиот договор ќе важи до јуни 2026 година.

Актуелниот договор на Силва е до 2025 година.

Барселона го посакуваше Бернардо Силва како замена за Осман Дембеле, но тој ќе остане со Пеп Гвардиола и следното лето ќе има откупна клаузула од 50 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови