Connect with us

Струга ТЛ ослабена против Есперанж, Нигериецот Укпа не доби влезна виза

Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум од синоќа е во Луксембург каде утре ќе го одигра реваншот против Есперанж во третото квалификациско коло од Конференциската лига.

Тимот е ослабен, без Нигериецот Хоган Укпа кој не доби влезна виза и остана да чека во Македонија. Постојат само минимални шанси тој дополнително да се приклучи на тимот.

Струга ТЛ по првиот меч обезбеди предност од 3-1 против шампионот на Луксембург и е на чекор со пласман во плеј-офот за групната фаза во Конференциската лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови