Работнички доведе уште едно засилување за новата сезона во Првата фудбалска лига. Нов фудбалер на „романтичарите“ е Шафик Кагиму од Уганда.
Тој потпиша двегодишен договор со Работнички.
24-годишниот фудбалер од Уганда доаѓа од шампионот на Кенија, Гор Махиа Наироби, и игра на позицијата централен играч за врска. Тој треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред на Работнички.
Шафик Кагиму кариерата ја почна во УРА Кампала, клуб од Уганда, од каде се пресели во првенството на Кенија. Работнички ќе биде негов прв клуб на европско тло.
За репрезентацијата на Уганда има одиграно 18 натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













