
Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, утре против Летонија ќе го одигра 100. натпревар во националниот тим. Почеток е на новиот квалификациски циклус, а Пандев сонува да ја заврши кариерата со настап на Европско првенство во дресот на својата држава.
„Моја најголема желба е да се пласираме на Европско првенство, тоа би било остварување на сонот. Сакам да им заблагодарам на сите досегашни селектори, на сите соиграчи од минатото и сега но мора да искажам најголема благодарност за селекторот Игор Ангеловски затоа што тој е човекот кој ме врати во репрезентацијата. Без него мислам и дека немаше да стигнам до овој јубилеј. Среќен сум што стигнав до бројката од 100 натпревари, но тоа е само во втор план. Мојата желба е да почнеме со победа во квалификациите, тоа е најважно и тоа ќе ми биде вистински подарок за јубилејот. Очекувам и поддршка од трибините“, изјави Горан Пандев.
Се осврна и назад низ годините, и вели дека најдраг му е голот против Холандија.
„Секој натпревар во националниот дрес ми бил важен и драг. Ако ме прашувате за најдраг гол, тогаш најмногу го паметам голот против Холандија во Скопје“, истакна Пандев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal