
Македонската фудбалска репрезентација почнува нов циклус квалификации, а прва пречка е селекцијата на Летонија. Селекторот Игор Ангеловски верува дека националниот тим е подготвен да оствари триумф на утрешниот меч (20.45 часот), иако јасно му е дека сега ривалите се многу потешки од оние во Лигата на нации.
„Верувам во фудбалерите и сигурен сум дека ќе имаме успешен старт против Летонија. Тоа е компактна селекција, тежок противник, но мислам дека можеме до триумф. Во овие квалификации не чекаат потешки противници споредено со Лигата на нации, но подготвени сме за предизвикот“, вели Ангеловски.
Стилот на Македонија и понатаму ќе биде напаѓачки.
„Македонија и понатаму ќе игра офанзивно на секој меч. Сигурен сум дека доколку фудбалерите одиграат во рамките на своите можности – ќе оствариме победа против Летонија“, истакнува селекторот на националниот фудбалски тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal