
Фудбалската репрезентација на Летонија ќе се обиде да остане непоразена на утрешниот натпревар против Македонија на арената „Филип Втори“, прв од квалификациите за ЕВРО 2020. Селекторот Славиша Стојановиќ, кој е Словенец, вели дека добро ја познава играта на Македонија.
„Македонија е квалитетна селекција, мислам дека може да победи секого во оваа група, посебно ако има свој ден. Имате одлични играчи, кои настапуваат во квалитетни лиги, а Горан Пандев е фантастичен. Ќе слави и јубилеј, тоа е европска класа, сега му даде гол и на Јувентус во Италија. Но, ние сакаме да стартуваме успешно во овие квалификации. Еден месец сум на селекторската позиција, ние се правиме во од“, вели Славиша Стојановиќ.
Дефанзивецот Виталис Максименко истакна дека Македонија има голема предност во технички поглед, но Летонија ќе се обиде да надомести со борбеност.
„Македонија има одлични фудбалери, технички добро потковани. Но, ние ќе се бориме во сите 90 минути и се надеваме на позитивен резултат“, изјави Максименко.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal