
Голманот на Арсенал, Дејан Илиев, повторно е во изборот на селекторот Игор Ангеловски за триото меѓу диреците во националниот тим. Ја чека својата шанса и во сениорскиот тим на премиерлигашот Арсенал и во фудбалската репрезентација, а во меѓувреме вредно тренира. Се надева дека Македонија ќе има многу успеси во новиот циклус квалификации за ЕП 2020.
„Среќен сум што сум дел од репрезентацијата. Тренирам напорно и ја чекам својата шанса. Сите ние имаме иста цел – да играме гордо за нашата држава и да ја радуваме нацијата Се надевам дека во овој циклус ќе имаме многу причини за радости, како претходно, во Лигата на нации“, вели Дени Илиев.
Во моментот тој е трет голман во Арсенал. Се надева дека ќе добие шанса да застане на голот на тимот на Унаи Емери.
„Минатата сезона имав многу пехови со повреди. Се враќам во ритам, тренирам напорно и упорно ја чекам шансата. Арсенал е голем тим и секој треба да биде подготвен максимално да одговори на предизвикот кога менаџерот ќе му даде шанса да биде дел од првиот состав“, истакнува младиот чувар на мрежата на „топчиите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
