Connect with us

Седлоски: Се радувам за сите успеси на Пандев, и на клупски и на репрезентативен план

Горан Пандев против Летонија ќе го одигра својот 100. натпревар во дресот на националната репрезентација, на тој начин запишувајќи се до Гоце Седлоски како втор фудбалер во македонскиот „Клуб 100“.

По денешниот дуел со Летонците, веќе в недела против Словенија во Љубљана се очекува Пандев да го испрати некогашниот столб во дефанзивата во историјата и да биде осамен на врвот на листата со најмногу настапи во А селекцијата.

„Драго ми е што мојот рекорд со настапи во репрезентацијата го стигна еден таков фудбалер како Пандев. Воопшто не е лесно да се одиграат 100 натпревари за репрезентацијата. Јас долги години му бев капитен и секогаш ги слушаше моите совети. Се радувам за него и за неговите успеси на репрезентативен и на клупски план, каде освои се што можеше да се освои“ – вели Гоце Седлоски пред денешниот 100-ти натпревар на Пандев.

Натпреварот меѓу Македонија и Летонија се игра со почеток од 20:45 часот на арената „Филип Втори“ во Скопје. Билетите се веќе пуштени во продажба и преку продажната мрежа на „МкТикетс“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови