
Македонија ја оствари почетната победа во новиот квалификациски циклус, падна Летонија во Скопје со 3-1, а овој меч засекогаш ќе го паметиме по јубилејот на Горан Пандев. Нашиот „гранде“ го одигра 100. меч во националниот тим и сите се среќни што го заокруживме со триумф.
Александар Трајковски вели дека Македонија одигра на високо ниво, но има уште простор за напредок, а крајната цел е пласман на Европското првенство.
„Одигравме одличен меч, среќни сме поради триумфот, и за јубилејот на Горан Пандев. Оваа генерација има несомнен квалитет, спој е на младост и искуство и сега треба да се обидеме да продолжиме во победнички стил. не чека нов меч со Словенија, добро ќе ги анализираме и ќе се подготвиме за дуелот во Љубљана. Целта е да го оствариме сонот за пласман на Европско првенство“, изјави Александар Трајковски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal