
Најтрофејниот клуб Вардар и дебитантот во елитата, тимот на Воска Спорт, сѐ уште немаат лиценци за настап во Првата лига. Тие ги немаат комплетирано документите за настап во елитата и поради ова трипати досега се одложува денот кој беше планиран за ждреб и формирање на распоред на натпреварувачката сезона 2023/24.
Вардар нема поднесено ниту завршна сметка во предвидениот рок, а има и блокирана жиро-сметка на клубот. Во моментот „црвено-црните“ функционираат преку друга жиро-сметка, но такви малверзации УЕФА, а по нивни инструкции и ФФМ, не може да дозволи.
Воска Спорт, кој досега беше второлигаш, според информациите, сѐ уште Здружение на граѓани, а според прописите сите прволигашки фудбалски клубови во Македонија треба да бидат трансформирани во акционерски друштва.
ФФМ ќе ги чека Вардар и Воска Спорт најдоцна до среда, со надеж дека ќе ги комплетираат потребните документи за настап во Првата лига, односно добивање лиценца.
Првенството треба да почне на 6. август, па дури и ако биде донесена одлука за пролонгирање од седум дена, ждребот секако ќе мора да се изврши наредните денови. Во сите други шампионати во Европа, клубовите многу порано го знаат распоредот со кого треба да играат и согласно тоа се подготвуваат. Единствено во Македонија, сѐ е поинаку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Евро-фудбал
Милош Керкез е најновото засилување на Ливерпул

Интернационалци
Југослав Тренчовски го презеде кормилото на словенечки Радомље
