
Буњамин Шабани и во новата сезона е еден од предводниците во тимот на Струга ТЛ. Немаше среќа да постигне гол на ниту еден од натпреварите против Жалгирис во првата нокаут рунда од Лигата на шампионите, но без сомнение е движечка сила во тимот на Шпетим Дуро.
Струга ТЛ е во очекување на дуелот со Будуќност во Конференциската лига.
„Сега сме фокусирани на натпреварите со Будуќност, не е дека добро го познаваме противникот, тие се шампиони на Црна Гора. Во Европа нема лесни натпревари, сепак, верувам дека сме максимално подготвени за овие две соочувања“, вели Шабани.
Стружани се надеваат и на подолго европско лето.
„Сега целиот фокус е на натпреварите со Будуќност, прво да дадеме сѐ од себе на овие два меча, а потоа да се надеваме на подолга европска авантура“, истакнува искусниот играч за врска.
Првиот натпревар меѓу Струга ТЛ и Будуќност е закажан за в среда, со почеток во 17 часот на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal