
Пари Сен Жермен го објави списокот на играчи што ги носи во Јапонија на подготовки, а на него ја нема најголемата ѕвезда на клубот, Килијан Мбапе. Клубот сака да му покаже цврста рака на Мбапе и со сите сили ќе се обиде да го продаде 24-годишниот Французин ова лето откако им стана јасно дека тој сака да замине бесплатно следната година.
Од Париз веќе не очекуваат 200 милиони евра од продажбата, но не сакаат ниту да замине бесплатно следното лето.
ПСЖ не сака ни да размислува за можноста да остане без таков играч и да не добие отштета за него. Затоа, раководството на клубот донесе конечна одлука дека Мбапе отсега и дефинитивно е на продажба. ПСЖ се обидува да испрати порака дека ниту еден играч не е над клубот.
Се очекува многу клубови да контактираат со парижаните за Мбапе, а најконкретни досега беа релациите со Реал Мадрид. Мбапе е во ПСЖ од 2017 година, кој за него на Монако му плати 180 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
