Connect with us

Десет години подоцна Обамејанг се врати во Фрнција и потпиша за Олимпик Марсеј

Олимпик Марсеј официјално го објави потписот на Пјер-Емерик Обамејанг. 34-годишниот габонски напаѓач пристигнува на слободен трансфер од Челси.


Тој со Марсеј потпиша тригодишен договор до јуни 2026 година. Ова беше особено емотивен ден за навивачите на Олимпик Марсеј, откако клубот претходно истиот ден објави дека се разделува со Димитри Паје.


Обамејанг последен пат играше во Франција пред точно 10 години кога го носеше дресот на Сент Етјен. Во текот на својата богата кариера има настапувано за Дижон, Лил, Монако, Сент Етјен, Борусија Дортмунд, Арсенал, Барселона и за Челси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови