
Баерн Минхен започна преговори со Јувентус за потписот на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, открива „Л’Екип“. „Стара дама“ нема ништо против оваа зделка, но само доколку клубот од Минхен искешира 80 милиони евра.
Ова веројатно значи дека Баерн полека се откажува од доведување на Хари Кејн, бидејќи лондонскиот клуб бара преголема отштета. Баварците сега се свртеа кон Србинот.
Во јануари 2022 година, Душан Влаховиќ пристигна во Јувентус од Фиорентина за 80 милиони евра, но не ги оправда очекувањата и проценките се дека даде премалку за парите што торинскиот клуб ги плати за него.
На 63 натпревари за Јуве постигна 23 гола и имаше шест асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
