Connect with us

Одбрани пенал и додека се радуваше – топката влезе во голот (ВИДЕО)

Синоќа во Конференциската лига се случи неверојатен пенал на мечот меѓу Гзира (Малта) и Гленторан (С. Ирска), кој се решаваше со удари од белата точка.


Во 13. серија од пеналите, голманот на Гзира, Давид Касар, мислеше дека го одбрани шутот на Џеј Донели и почна лудо да се радува. Но, топката потоа доби чудно движење и се стркала во голот.
Голманот на клубот од Малта веќе славеше еуфорично надвор од гол-линијата, па на крајот всушност прими гол.


За среќа на Гзира, сепак, на крајот тие излегоа како победници.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови