Connect with us

Шкендија има „минималец“, но во Велс треба да потврди дека е класа за Хаверфордвест

Шкендија има квалитет, искуство, има и минимална предност (1-0) од првиот меч во Скопје, но вечерва на стадионот Кардиф треба да потврди дека е друга фудбалска класа за разлика од домаќинот Хаверфордвест.

Избраниците на Ардијан Нухиу не ја убедија премногу фудбалската јавност по првите 90 минути, но тој најави дека многу брзо ќе се види вистинското лице на Шкендија. Не дека Шкендија не создаде шанси и на првиот дуел, меѓутоа победи скромно.

„Хаверфордвест заслужува максимален респект, но ние сме мотивирани да одиграме добар натпревар и размислуваме единствено за пласман понатаму“, порача тренерот на Шкендија.

Натпреварот се игра на стадионот Кардиф, со почеток во 20.45 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови