Connect with us

Ференцварош го смени тренерот Черчесов по дебаклот во ЛШ

Станислав Черчесов, рускиот стратег на кормилото на Ференцварош, доби отказ по испаѓањето во квалификациите за Лигата на шампионите. Унгарскиот клуб загуби изненадувачки со 0-3 на домашен терен во реваншот против Клаксвик од Фарски Острови во првото квалификациско коло и е елиминиран од ЛШ.


Претседателот им се извини на фановите на социјалните мрежи:


„Многу ми е срам, како и на сите нас. Овој натпревар беше недостоен за Ференцварош. Ќе бидат преземени активности поради тоа. Благодарам на навивачите за сѐ“.


Тренерот ја презеде одговорноста за поразот, но во прв момент не поднесе оставка. Сепак, потоа доби отказ од раководството на клубот.


„Кога тимот игра како денес, тренерот мора да одговара. Поразот е моја вина. Такво нешто не е прв, а не е ни последен пат во мојата кариера и во кариерата на фудбалерите. Кога некој не е стопроцентно фокусиран, тогаш доаѓаат лоши резултати. На тренинзите сѐ беше во ред.

Вознемирен сум, истите чувства ги имав и по натпреварот со Карабах лани, но потоа успеавме да се пласираме во осминафиналето во Лига Европа. Не се откажав ниту тогаш и нема да се откажам ниту сега“, изјави Черчесов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови