Македонскиот шампион Струга Трим Лум е пред голем предизвик, на дебито во ЛШ да стигне до пресметка со гигантот Галатасарај. Наградата е таа, но фудбалерите на Шпетим Дуро ќе морат да ја заслужат со елиминација на литванскиот првак Жалгирис.
Ремито без голови од првиот дуел е добра подлога, но, секако ќе мора да се направи главниот исчекор на денешниот реванш (17 часот) во Охрид.
Стадионот „Билјанини извори“ ќе биде исполнет до последното место, Струга ТЛ објави дека сите билети се продадени, а поддршката ќе им биде и повеќе од потребна на стружани.
„Жалгирис е квалитетен тим и сигурно дека и понатаму е поискусен од нас во европските купови. Но, видовме дека можеме да играме со нив, на моменти да сме и подобри, иако и Жалгирис имаше свои шанси. Но, почнуваме и во реваншот од 0-0 и ќе дадеме сѐ за да ги израдуваме навивачите и да направиме уште еден историски успех за Струга“, вели тренерот Шпетим Дуро.
Мечот е закажан за 17 часот, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













