Connect with us

Стадионот распродаден, Струга ТЛ ќе има голема поддршка од трибините против Жалгирис

Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум денеска (17 часот) го игра реванш мечот против Жалгирис од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Тимот на Шпетим Дуро остана непоразен (0-0) на првиот дуел, па има одлична можност за пласман понатаму и за голема пресметка со турскиот шампион Галатасарај во следното коло.


Струга ТЛ ќе има огромна помош од трибините. Клубот објави дека сите билети се распродадени и трибините на стадионот „Билјанини извори“ ќе бидат исполнети до последното место.


Струг ТЛ пушти билети по цена од 1.200 денари, но истите ќе важат и за сит домашни натпревари во првенството на Македонија, а секој навивач со билетот ќе добие и подарок, маица со клупските обележја.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови