
„Трансфермаркт“ ги пресмета новите вредности на светските клубови со оглед на влезните и излезните трансфери што ги направиле. Од денеска, после повеќе од две години, Манчестер Сити не е највредниот тим на светот, а приматот го презеде – Арсенал.
„Топчиите“, според „Трансфермаркт“, вредат 1,2 милијарди евра, а „граѓаните“ – 1,19 милијарди евра.

Најзаслужен за ова е трансферот на Деклан Рајс кој од Вест Хем пристигна во Арсенал. За него е платено обештетување од 123 милиони евра, што го прави најскапиот трансфер во историјата на англискиот фудбал.
Него сакаше да го доведе и европскиот шампион Манчестер Сити, но се откажа откако Вест Хем ја одби понудата од 105 милиони евра. Рајс на тој начин стана поскап од претходниот рекордер Енцо Фернандез, кого Челзи го донесе за 121 милион евра.
A new chapter begins. pic.twitter.com/ha5Btd8I2h
— Arsenal (@Arsenal) July 15, 2023

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
