
Џуд Белингем на крајот на јуни стана нов играч на Реал Мадрид. Во Реал дојде од Борусија Дортмунд.
Белингем минатата сезона одигра 42 натпревари за Борусија, постигна 14 и асистираше за пет гола. Има 19 години, но веќе собра 24 настапи за англиската репрезентација.
Веќе на самиот почеток од подготовките на Реал, Белингем се истакна со одличната физичка подготвеност и квалитетните решенија на теренот, пишуваат шпанските медиуми.

Младиот Англичанец во едно од своите интервјуа зборуваше за Антонио Пинтус, кондицискиот тренер на Реал Мадрид. Пинтус е познат како еден од најжестоките тренери во неговата категорија, а Белингем сега ги научи неговите методи.
„Антонио Пинтус сака да нѐ убива, и претпоставувам дека тоа е негова работа. Но, да, го сакам, тој е одлично момче“, рече Белингем низ смеа, пред да додаде: „Уживам во секоја секунда овде, во секој момент. Навистина уживам што сум овде со момците и учам од тренерот. Има одлична атмосфера во соблекувалната, мислам дека добро се вклопив. Многу сум среќен со сѐ досега“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal