
Македонскиот прволигаш Работнички се пресели во Словенија каде ќе го реализира централниот дел од подготовките за новата сезона во Првата лига. Тимот на Милан Илиевски во Терме Чатеж ќе има одлични услови да се подготвува во следните 12 дена, а ќе одигра и четири пријателски натпревари.
Првиот тест во Словенија ќе биде на 19 јули против Аждод (Израел), а три дена подоцна Работнички ќе одигра пријателски натпревар против словенечкиот второлигаш Бриње.
Двата најсилни теста се на крајот од подготовките. На 25 јули Работнички ќе ги испроба силите против турскиот гигант Трабзонспор, а „генералката“ ќе следи на 27 јули, кога противник ќе биде саудискиот Ал Етифак, кој го предводи Стивен Џерард, а во тимот настапува поранешниот „романтичар“ и македонски репрезентативец, Дарко Велковски.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal