
Турскиот гигант Фенербахче ќе купи две балкански фудбалски ѕвезди. Првиот голем трансфер, кој е само неколку часа до финализирање, е на Душан Тадиќ. Српскиот репрезентативец пред неколку дена го напушти тимот на Ајакс и во раните утрински часови одлета за Истанбул.
Фенербахче исто така е многу блиску до потпис и со хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ. Голманот на Динамо Загреб ќе пристигне покрај Босфор за сума од 9 милиони евра. Сите други услови се договорени, а останува само да се размени потребната документација.
Ливаковиќ синоќа со Динамо Загреб го освои Суперкупот на Хрватска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
