Connect with us

Садио Мане пред трансфер во Ал-Наср

Садио Мане е во преговори со Ал-Наср и би можел лесно да се приклучи на тимот за кој настапува Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија.


Мане е под договор со Баерн до летото 2025. Тој во германскиот гигант дојде минатата година и постигна 12 гола на 38 натпревари.


Сенегалецот одлично ја започна сезоната во Баерн, кај тренерот Џулијан Нагелсман беше незаменлив, но потоа се повреди пред СП во Катар, долго се опоравуваше, за да го загуби првотимскиот статус со Томас Тухел. Сега ништо не му е гарантирано за следната сезона, па не треба да изненадува доколку тој и клубот ја прифатат понудата на Ал-Наср.


Баерн Минхен за него бара отштета од доколу 20 милиони евра, што нема да претставува голем проблем за саудискиот клуб.


Ал-Наср претходно го ангажираше Марсело Брозовиќ од Интер, а во моментов има забрана за трансфери поради ситни долгови кои се очекува брзо да бидат регулирани.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови