Connect with us

Душан Тадиќ го раскина договорот со Ајакс

Српскиот репрезентативец Душан Тадиќ го напушта Ајакс. Холандскиот клуб објави дека спогодбено го раскинува договорот со капитенот, кој имаше уште една година од актуелниот договор.


„Душан Тадиќ веднаш го напушта Ајакс. Клубот ја почитува желбата на фудбалерот за предвремен раскин, иако имаше договор до јуни 2024 година“, објави Ајакс на официјалната веб-страница.


Душан Тадиќ побарал раскин на договорот откако видел дека раководството на клубот прави голема реконструкција на тимот.


„Ова ми е една од најтешките одлуки, но верувам дека сега е вистински момент да си заминам од Ајакс, за клубот да има можност за нов почеток. Настапите за Ајакс ми донесоа радост и неверојатни чувства како никогаш до тој момент во кариерата, би сакам да им заблагодарам на сите за прекрасните моменти што ги споделувавме. Јас секогаш ќе бидам дел од Ајакс, се надевам дека ќе се вратам еден ден, можеби како тренер“, изјави Тадиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови