
Португалскиот фудбалер Нани е нов играч на Адана Демирспор, потврди турскиот клуб. Тој потпиша двегодишен договор со Адана и ќе стане соиграч на македонскиот репрезентативец Јован Манев.
Во кариерата веќе има настапувано во Турција, во сезоната 2015/16 ги бранеше боите на Фенербахче.
Минатата сезона Нани играше во Австралија за Мелбурн.
Од 2007 до 2014 година, Нани играше за Манчестер Јунајтед, со кој освои четири титули во англиската Премиерлига, како и Лигата на шампионите во 2008 година.
Во репрезентацијата одигра 112 натпревари и постигна 24 гола, а со Португалија го освои и Европското првенство во 2016 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal