Connect with us

Шкендија треба лесно да го прегрми Хаверфордвест

Македонскиот претставник Шкендија планира многу подолго да се задржи во Европа. Вечерва ја стартува одисејата против велшкиот тим Хаверфордвест во Конференциската лига, но како што напомена Енур Тотре ја прес-конференцијата, тимот од Тетово има план да влезе во групната даза од ова натпреварување.

„Нашата цел е да стигнеме до групите од Конференциската лига. Знаеме дека секој меч во Европа е тежок, нема да го потцениме противникот, но веруваме дека сме поквалитетни. Сепак, тоа ќе мора да го докажеме и на теренот“, изјави Тотре.

Тренерот Ардијан Нухиу ќе го има официјалното деби на клупата на Шкендија.

„Им ја пренесов на фудбалерите мојата стратегија и нема да отстапуваме од неа. Шкендија секогаш оди на победа и така ќе биде и сега. Го респектираме противникот, но ги анализиравме нивните слаби страни и знаеме како треба да одиграме“, изјави Нухиу.

Шкендија и Хаверфордвест ќе играат вечерва, со почеток од 20 часот, на арената „Тодор Проески“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови