
Пари Сен Жермен официјално го претстави својот нов тренер, а тоа е Шпанецот Луис Енрике. Презентацијата беше одложена за околу три часа бидејќи летот на претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи доцнеше. Парижаните освен со нов тренер се пофалија и со својот нов тренинг комплекс во Поаси.
Ал-Келаифи пред да го претстави Луис Енрике му се заблагодари на поранешниот тренер Кристоф Галтие, кој се соочува со тужба за расизам. Претседателот потоа му се заблагодари на Лионел Меси, опишувајќи го како „најдобриот играч на светот“, а искажа благодарност и до Серхио Рамос, кој исто така го напушти клубот ова лето.
Луис Енрике ја отвори прес-конференцијата со изјава на француски јазик.
„Ви благодарам за довербата што ми ја укажавте“, изјави Шпанецот.
Тој додаде дека една од неговите цели е тимот да игра напаѓачки фудбал и да ги радува навивачите.
„Сакам да изградам тим кој ќе го направи тоа и ја имам поддршката од клубот“, дополни Луис Енрике.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора
