Македонскиот прволигаш Брера Струмица потпиша нови договори со двајца талентирани млади фудбалери. Во клубот и во наредните три години остануваат 21-годишниот Ѓеорги Јанкулов кој игра на десната бековска позиција, како и 18-годишниот Мартин Ѓоргиевски. Тие потпишаа до јуни 2026 година.
Јанкулов во струмичкиот прволигаш дојде во втората половина на последната натпреварувачка сезона и одигра вкупно 13 меча при што имаше пет асистенции.
Мартин Ѓоргиевски е дете на младинската школа на клубот и во последната натпреварувачка сезона има одиграно вкупно 19 натпревари при што двапати се запиша како стрелец на дуелите против Шкендија и Победа. Паралелно тој е дел и од македонските младински репрезентации.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













