Connect with us

Фирмино претставен во Ал-Ахли

Роберто Фирмино (31) е новиот играч на Ал-Ахли. Бразилскиот напаѓач потпиша договор до 2026 година откако си замина од Ливерпул како слободен агент. Фирмино во саудиската клуб ќе игра со Едуард Менди, голманот кој летово пристигна од Челси, а во клубот е и Езгјан Алиоски, кој се враќа од позајмица во Фенербахче.


Фирмино на тој начин ја продолжи серијата ѕвезди кои пристигнаа во саудискиот фудбал. Досега за тамошните клубови веќе потпишаа Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Рубен Невеш, Н’Голо Канте, Марсело Брозовиќ…

Фирмино пред неколку месеци беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид и во Барселона, но тоа не се случи.

Во Бразил, Фирмино играше за Фигуеиренсе и Томбенсе, од кои во 2011 година замина во Хофенхајм, а четири години подоцна потпиша за Ливерпул. Тој помина осум години во англискиот клуб, одигра 362 натпревари, постигна 111 и асистираше за 79 гола и освои седум трофеи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови