
Карло Анчелоти е новиот селектор на Бразил. Потврдата дојде од Едналдо Родригез, првиот човек на федерацијата, кој им ја откри на новинарите при претставувањето на привремениот селектор Фернандо Диниз.
Тренерот на Флуминенсе има слични фудбалски сфаќања како и Анчелоти, па затоа е избран да биде привремено решение.
„Тој ќе подготви терен за селекторот кој го презема Бразил од 2024 година, Карло Анчелоти“, изјави Родригез.
Ситуацијата е јасна и им одговара на Бразилците, Италијанецот по истекот на договорот со Реал Мадрид во јуни следната година ќе го преземе „Селесао“, а ќе дебитира на Копа Америка во САД. Ова натпреварување е закажано за третата недела од јуни следната година, ќе играат и селекции од зоната КОНКАКАФ.
Бразил до следното лето, односно додека Диниз е на клупата, ќе има шест натпревари до Копа Америка, квалификациите за СП, вклучувајќи го и најголемото дерби, кога во ноемврискиот прозорец ги пречекуваат Аргентинците.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора
